Полициски службеници од ПС од ОН Берово, денеска (23.04.) во детската градинка ОЈУДГ „23-ти Август“ во Берово реализираа превентивна активност на тема „Правила за најмалите пешаци“, каде што децата од предучилишна возраст, преку претходно изготвени импровизирани сообраќајни знаци, беа запознаени со значењето и важноста на основните сообраќајни правила и прописи при поминување на крстосница, безбедно минување улица, како и околу значењето на сообраќајните знаци и светлосни уреди во сообраќајот. Притоа, на дечињата им беа поделени и наменски едукативни материјали, изработени во соработка со РСБСП, како своевиден понатамошен водич во нивното натамошно образување и воспитување во поглед на сообраќајот и сообраќајната култура.
Исто така, денеска и полициски службеници од ОВР Пробиштип на Градскиот пазар во Пробиштип, реализираа превентивна кампања, овој пат од областа на имотниот криминалитет, а под мотото „Заштити го својот дом од кражби” и „Заштити се од џебни кражби”. Покрај непосредните разговори, на граѓаните им беа делени и информативни летоци со едукативна содржина, а се во насока на нивна заштита од овој вид на криминалитет.