Вчера (18.04) од страна на полициските службеници од ПС за ГП и ГН Пелинце беа реализирани превентивни активности од областа на безбедноста во сообраќајот, заштита од пожари и бесправна сеча.
Притоа, на граѓаните кои остваруваа влез на граничниот премин Пелинце, им беше потенцирана важноста за почитување на сообраќајните правила и прописи, а им укажаа и на последиците од непочитување на прописите.
Воедно, им беше укажано и на превентивните мерки со цел заштита на природата и на населението од пожари, како и од бесправна сеча на шумите.
Од страна на полициските службеници беа делени и едукативни летоци со информативни содржини, изработени во соработка со РСБСП и Јавното претпријатие „Национални шуми“.