Денеска (18.04.2025), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП спроведе сообраќајни превентивно - едукативни активности насочени кон возачите, на кои уште еднаш беше потенцирана важноста за почитување на сообраќајните правила, односно за користење на сигурносен појас, да не консумираат алкохол и да не зборуваат на мобилен телефон при управување возило.
Едукативно превентивната активност беше спроведена на наплатнта рампа Глумово, а основна цел на проектот беше зголемување на сообраќајната култура како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така, на возачите им беше поделен едукативен материјал.