18 април 2025

„Паркирај совесно, паркирај одговорно“ и „И јас и ти сме пешаци“ – превентивни активности во Гевгелија

 

Вчера (17.04.) во Гевгелија, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија и претставници на Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Гевгелија спроведоа превентивни активности во рамки на кампањите „Паркирај совесно, паркирај одговорно“ и „И јас и ти сме пешаци“’.

Преку делење на летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со РСБСП, на возачите и на пешаците им беше укажувано за нивната обврска за задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи, пред се во интерес на нивна лична безбедност, но и на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.