17 април 2025

Превентивна активност на СВР Скопје за побезбеден сообраќај

 

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (17.04) на територијата на ПСОН Чаир реализираше превентивна активност од областа на безбедноста на сообраќајот.

Притоа, под мотото „Не конзумирај алкохол додека возиш“ и „Користи појас додека возиш и биди одговорен возач“, полициските службеници им укажуваа на возачите за опасностите и последиците од непочитувањето на сообраќајните правила и прописи. Дополнително, а во насока и на зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, полициските службеници на возачите им делеа и едукативни летоци со информативни содржини изработени во соработка со РСБСП.