Полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово денеска (17.04.) во рамки на континуираните превентивни активности одржаа работна средба во просториите на општината Брвеница со членови од Локалниот совет за превенција од општина Брвеница, со директори од основните училишта, потоа градоначалникот на општина Брвеница, како и претставници од Дирекцијата за заштита и спасување и Територијалната противпожарна единица.
На работната средба беше презентиран начинот на постапување, координирање, и преземање превентивни мерки во кризни ситуации, а беше договорено во училиштата да се спроведат едукативни симулациски вежби за начинот на однесување во кризни ситуации, совладување на паника и безбедно евакуирање од објекти. Исто така, на средбата беше потенцирана важноста од практично вмрежување на сите клучни субјекти (полиција, локална самоуправа и граѓани во општината), кои влијаат на квалитетот на живеење на граѓаните, а со цел зголемување на безбедноста.