Полициски службеници од ПО за БПС Берово, денеска (17.04.) спроведоа превентивно-едукативна активност од областа на сообраќајот под мотото – „И јас и ти сме пешаци“. Превентивната активност се реализираше на подрачјето на општина Берово, поточно во близина на „Градски пазар“ во Берово, а со цел зголемување на сообраќајната култура, пред се преку стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Во рамки на активностите, на граѓаните им беше делен и едукативен материјал односно летоци изработени во соработка со РСБСП.
Исто така, денеска и полициски службеници од ПС ОН Делчево, во соработка со ЈЗУ „Гоце Делчев“ и ТППЕ Делчево во основното општинско училиште „Ванчо Прќе“ во Делчево, спроведоа симулациска показна вежба на тема: „Начин на однесување во кризни ситуации“. Притоа, показната вежба беше спроведена со цел учениците да се запознаат околу начинот на однесување во кризни ситуации, со протоколите за евакуација од пожар, совладување на паника и безбедно евакуирање од училиштето.