Денеска (16.04.2025) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП и полициски службеници од ПСОН Карпош, спроведе превентивно едукативна активност под мотото „Сите сме пешаци". Активноста беше спроведена на подрачјето на ПСОН Карпош, со основна цел зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила, прописи и сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. На граѓаните им беше поделен и едукативен материјал.
Исто така, денеска од страна на полициски службеници од ПО Шуто Оризари реализирана е едукативна работилница на тема „Трговија со луѓе“ со учениците од ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“. Учениците беа запознаени со опасностите од оваа појава, а пред се како да се заштитат од неа.