Денеска (16.04.2025) полициски службеници за превенција и полициски службеници од ПС за БПС Штип во основното општинско училиште „Славејко Арсов“ во Штип реализираа едукативна работилница на тема „Безбедност во сообраќајот“. Притоа, учениците беа запознаени со основните сообраќајни правила и прописи, односно како да се однесуваат кога се учесници во сообраќајот како пешаци, но особено кога возат велосипеди или тротинети.
Исто така денеска, во Кочани од страна на полициски службеници од ПО за БПС Кочани беше спроведена превентивна активност „Не пиј кога возиш“, со цел подигање на свеста кај граѓаните за зголемена внимателност за време на управување со моторно возило и особено да не управуваат возило доколку консумирале алкохол. Беа потенцирани последиците кои можат да настанат доколку се управува возило под дејство на алкохол, а беше укажано и дека управување на возило под дејство на алкохол нема да биде толерирано и истото ќе биде санкционирано согласно кривичниот законик или ЗБСП. На возачите им беше поделен и едукативен материјал-летоци.
Полициски службеници од ОВР Пробиштип, пак, на повеќе локации во близина на градинките на подрачјето на Пробиштип, спроведоа превентивна активност „Не за деца на предно седиште”. На граѓаните им беше укажано за опасноста од возење на дете на предно седиште и законската регулатива која го опфаќа овој сообраќаен прекршок, а им беа поделени и едукативни летоци.