Денеска (16.04.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица во соработка со инспектор за патен сообраќај од општина Босилово и РСБСП во населените места Босилово и Моноспитово, струмичко, спроведоа превентивни активности од областа на сообраќајот.
Активностите беа насочени кон повеќе категории учесници во сообраќајот, односно возачи на земјоделски машини, возачи н мотоцикли, но и пешаци. Преку делење на летоци со едукативна содржина на возачите на земјоделски машини им беше укажано тракторите кои ги управуваат да бидат технички исправни и со исправни светлосни уреди, на мотоциклистите им беше укажано за обврската за носење заштитна опрема и должноста да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а воедно пешаците беа потсетувани за нивната должност да поминуваат улица само на обележан пешачки премин, да внимаваат на возилата кои наидуваат и слично, како и други обврски кои ги имаат како учесници во сообраќајот.
Во текот на вчерашниот ден (15.04.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и Полициската станица Струмица на подрачје на Струмица спроведоа активност во рамки на кампањата „Не користи мобилен телефон додека возиш“, при што возачите на моторни возила беа предупредени за забраната за користење на мобилен телефон додека управуваат моторно возило, последиците кои може да бидат предизвикани, но и за законските санкции кои се предвидени за санкционирање на возачи кои користат мобилен телефон додека управуваат моторни возила.
Сите овие превентивни активности се насочени кон подигање на свеста на сите учесници во сообраќајот и подобрување на сообраќајната култура, а се со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.