Вчера (15.04) полициски службеници од СВР Битола во општина Битола одржаа работна средба со претставниците на Локалниот совет за превенција во општина Битола, на која се разговараше за мерките и активностите за одржување на поволната безбедносна состојба на подрачјето на Битола, со посебен акцент на безбедно прославување на претстојните полуматурски и матурски прослави, како и за безбедноста во сообраќајот.
Исто така, во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Битола во централното градско подрачје на Битола реализираа превентивна активност „Не зборувај на мобилен кога возиш". Во непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот, полициските службеници укажуваа на опасноста од користење на мобилен телефон за време на возењето, пред се кај возачите, како и за сериозните последици што може да ги предизвика таквото однесување. На возачите исто така им беше укажано за потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, а од страна на полициските службеници беше делен и едукативен печатен материјал, изработен во соработка со РСБСП.