Денеска (11.04.) полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола во соработка со Општинската организација на Црвениот Крст, со Територијалната противпожарна единица, како и со екипа на медицинска помош при Здравствен дом и преставници од ДЗС во основното училиште „Климент Охридски“ во Македонски Брод, за учениците од ова училиште спроведоа симулациска вежба на тема: „Начин на однесување во кризни ситуации“.
Вежбата беше спроведена со цел учениците да се запознаат со начините и протоколите на однесување во кризни ситуации, совладување на паниката и безбедно и организирано евакуирање од училиштето во претпоставена ситуација.