09 април 2025

„Сите сме пешаци, бидете одговорни во сообраќајот“, превентивна активност на СВР Скопје

Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП денеска (09.04) спроведоа превентивно-едукативна активност од областа на сообраќајот, а под мотото „Не заборавајте сите сме пешаци, бидете одговорни во сообраќајот“. 

Едукативно-превентивната активност во чиј што фокус овој пат беа пешаците како учесници во сообраќајот, се реализираше на подрачјето на ПСОН Карпош, односно на булеварот „Партизански одреди“, а со цел зголемување на сообраќајната култура, пред се преку стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Во рамки на активностите, на граѓаните им беше делен и едукативен материјал односно летоци изработени во соработка со РСБСП.