09 април 2025

„И јас и ти сме пешаци“, превентивна активност на СВР Куманово

Денеска (09.04.)  полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во Основното општинско училиште „Карпош“ во село Умин Дол реализираа предавања на тема - „Безбедни екскурзии“ . На учениците им беше укажано за последиците од нарушување на јавниот ред и мир, последиците од користење на наркотични средства, како и  конзумирање на алкохол и цигари.

Исто така, со членови на училишните сообраќајни единици беше спроведена и превентивна активност „И јас и ти сме пешаци“. Целта на превентивната активност беше да им се укаже  на граѓаните за важноста од почитување на предноста на минување на пешаците на пешачки премин, но и да се потсетат возачите да возат внимателно и да се грижат за сите учесници во сообраќајот, да не возат под дејство на алкохол и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Воедно им беа поделени летоци со корисни информации околу законските прописи и сообраќајните правила изработени со РСБСП.