Денеска (09.04.) полициски службеници за превенција и полициски службеници од ПС за БПС Штип во основното општинско училиште „Гоце Делчев“ во Штип реализираа едукативна работилница на тема „Безбедност во сообраќајот“.
Притоа, учениците преку наменски подготвено предавање беа запознаени со основните сообраќајни правила и прописи, односно како да се однесуваат кога се учесници во сообраќајот, и како пешаци, но особено кога возат велосипеди.
Покрај ова, денеска превентивни активности беа реализирани и од страна на полициски службеници од ПО за БПС Кочани, како и од полициски службеници од ОВР Пробиштип, а двете под заедничко мото -„Не користи мобилен телефон додека возиш“.
Притоа, во рамки на овие активности, полициските службеници им укажуваа на граѓаните дека употребата на мобилен телефон додека се управува возилото е ризично, опасно и спротивно на ЗБСП.
Исто така, денеска полициски службеници од ПСОН Виница спроведоа превентивна активност „Барањето помош не е срамота“. Во непосредна комуникација со граѓаните и преку делење едукативни летоци полициските службеници информираа дека семејното насилство и насилството врз жени и девојчиња е кривично дело, за кое насилникот одговара пред надлежните институции, а жртвата е соодветно заштитена. Воедно на граѓаните им се укажуваше за нивните законски права, за мерките и за постапките за нивно остварување, како и за достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој.