09 април 2025

Превентивни активности на СВР Тетово

Вчера (08.04.) полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово во основното општинско училиште „Наим Фрашери“ во Тетово продолжија со практична имплементација на превентивно-едукативниот проект „Правата на децата и нивните обврски“, чиј носител е Отсекот за превенција при СВР Тетово. Со овој проект се опфатени сите ученици од осмо  одделение од над 70 основни училишта на тетовското и гостиварското подрачје.

На посебни часови во училиштата стручно обучени полициски службеници поблиску ги запознаваат учениците со детските права и обврски во семејството, но и во училиштата и во општеството, а кои произлегуваат од домашни и меѓународни договори и конвенции. 

Покрај тоа, основците се информираат и за тоа - што претставува малолетничка деликвенција и за други девијантни асоцијални појави, како и за можните законски импликации  доколку се инволвираат во истите.

Целта на проектот е учениците од осмо одделение, да знаат кои се нивните права, но и какви можат да бидат законските последици ако иницираат или непосредно учествуваат во незаконски појави и постапки.