Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (08.04.) во соработка со РСБСП спроведоа превентивно едукативна активност под мотото – „Не заборавајте, сите сме пешаци, бидете одговорни во сообраќајот“.
Едукативно превентивната активност посветена на пешаците како учесници во сообраќајот се реализираше на подрачјето на ПСОН Центар, поточно на улицата „11-ти Октомври“ во близина на Градската болница. Во непосреден контакт со граѓаните, полициските службеници укажуваа на внимателност и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи, пред се на сообраќајните знаци, што секако е пред се во интерес на нивната лична безбедност, но и во интерес на безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Дополнително на граѓаните им беа делени едукативни летоци, изработени во соработка со РСБСП.