Денеска (26.03.) полициски службеници од ОВР Виница во детската градинка ОЈУГД „Гоце Делчев“ во Виница, реализираа превентивна активност на тема „Правила за малите пешаци“, каде што на децата од предучилишна возраст им беа презентирани основните сообраќајни правила и прописи при поминување на крстосница, како безбедно да се минува улица и слично, Исто така и полициски службеници од ОВР Берово денеска во ОOУ „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово, реализираа едукативна работилница на тема: „Начин на однесување во кризни ситуации“. Притоа, учениците од шесто до деветто одделение преку едукативно предавање беа запознаени како да се однесуваат во кризни ситуации, за совладување на паниката и безбедно евакуирање од објекти, како и за законските одредби за присуство на малолетници во угостителски објекти.
Во соработка со ЈЗУ Берово и Пехчево и со учество на волонтери од Црвениот крст Берово беше спроведена симулациска вежба за евакуација во случај на итност и однесување во кризни ситуации.
Исто така и полициски службеници од ОВР Делчево реализираа, денеска превентивна активност на повеќе локации во Делчево од областа на сообраќајната безбедност, пред се на одредбите поврзани со штетноста од користење мобилен телефон при возење и за законската обврска за користење на сигурносен појас. Дополнително, на возачите им беа делени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП.
Полициски службеници од ОВР Пробиштип реализираа исто така превентивна активност од областа на сообраќајот, но со фокус на штетноста од конзумирање на алкохол при возење.