26 март 2025

Едукативна работилница на СВР Тетово

 

Вчера (25.03.) по претходно барање од општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во Тетово за реализација на проектната ученичка иницијатива - ,,Промоција на безбедна училишна средина“, во библиотеката на истоименото училиште беше одржана едукативна работилница.

На активноста учествуваа претставници од Центарот за социјални работи Тетово, од СВР Тетово и претставници од општина Тетово - Сектор за образование. Предавањето тематски беше посветено на тоа како насилството делува врз психичката состојба на учениците жртви на насилство и која е вистинската улога на психологот во случаите на справување со насилство меѓу учениците, жртви и вршители на насилство. При тоа, психолози од ЦСР Тетово говореа на таа тема, а пак предавањето на темата – „Улогата на полицијата во случаите кога се пријавува насилство меѓу учениците“ збогатено со податоци за кривичните дела и прекршочни пријави, како и статистички податоци, тенденции, број на случаи и искуства на веќе пријавени случаи на врсничко насилство го реализираа претставници од СВР Тетово. Исто така своја презентација на темата - ,,Механизми и мерки во случај на пријава на насилство меѓу ученици“одржаа претставници од Општинскиот совет за превенција од детското престапништво при општина Тетово.