Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (26.03.) на подрачјето на ПСОН Чаир, односно на улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“ реализираше превентивна активност од областа на сообраќајот.
Притоа во соработка со РСБСП, а под мотото „Паркирај совесно, паркирај одговорно“ на возачите им се укажуваше за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, вклучително и во поглед на правилното паркирање како еден од факторите за безбеден и непречен сообраќај. Воедно, на возачите им беа делени едукативни летоци, изработени во соработка со РСБСП.