Денеска (24.03.2025), полициски службеници од ОВР Кавадарци на повеќе локации во Кавадарци реализираа превентивна активност под мотото „Вози одговорно – животот е во твои раце“.
Целта на едукативната активност беше да им се укаже на сите учесници во сообраќајот за обврската и потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи. На возачите им беше укажано дека се должни внимателно да управуваат со своите возила, да ја прилагодат брзината на движење, да користат сигурносен појас, да не возат под дејство на алкохол, потоа - да не употребуваат мобилен телефон и уште низа корисни совети за подигнување на јавната свест за поголеми безбедносни стандарди во сообраќајот и унапредување на сообраќајната култура.
Исто така, беше поделен и печатен едукативен материјал со совети за поголема безбедност во сообраќајот , изработен во соработка со РСБСП.