Денеска (24.03.) полициски службеници од Полициската станица Берово во општинското средно училиште „Ацо Русковски“ во Берово за учениците од прва и втора година реализираа превентивна едукативна работилница на темата: „Начин на однесување во кризни ситуации“.
Притоа, тие беа запознаени околу начинот на однесување, постапките и протоколите во различни кризни ситуации, а се говореше и за совладувањето на паниката и безбедното евакуирање од објекти. Исто така, на учениците им беа презентирани и законските одредби во врска со присуство на малолетници во угостителски објекти.
Покрај ова, а во рамки на предавањето во соработка со Здравствениот дом Берово и со вклученост на волонтери од Црвен крст Берово, беше организирана симулациска вежба за евакуација во случај на итност и однесување во кризни ситуации. Со учениците, по едукативното предавање, беше разговарано и дискутирано по однос на наведената тема.