Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска (13.03.) спроведе сообраќајни превентивни активности од областа на сообраќајната безбедност.
Активностите беа спроведени на подрачјето на ПСОН Аеродром, односно на булеварот „Јане Сандански“ а под мотото „Стави појас“ и „Паркирај совесно, паркирај одговорно“.
Во непосредна комуникација со возачите, полициските службеници укажуваа на важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, а во контекст на зададените теми се апелираше до возачите, но и до сопатниците, задолжително да ги користат сигурносните појаси како законска облигација како за возачите така и за сопатниците, и да ги паркираат возилата правилно, без да бидат пречка за пешаците или нормалното одвивање на сообраќајот. Исто така, на возачите им беа делени информативни летоци изработени во соработка со РСБСП.