Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (27.02.) во соработка со РСБСП спроведе сообраќајни превентивни активности коишто се реализираа на подрачјето на ПСОН Центар, односно на булеварот „Крсте Петков Мисирков“. Постапувајќи во контекст на кампањите „Стави појас“, потоа - „Не користи мобилен телефон додека возиш“ како и кампањата – „Биди подготвен за безбедно патување во зима“, полициските службеници во разговори со учесниците во сообраќајот ја потенцираа важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, пред се во насока на зголемување на сообраќајната култура и нивото на безбедност во сообраќајот. На возачите им беше поделен едукативно –информативен печатен материјал изработен во соработка со РСБСП .
Покрај оваа активност, Одделението денеска во соработка со полициски службеници од ПО Мирковци реализираше едукативна работилница во ООУ „Александар Урдаревски“ во село Сандево со учениците членови на училишниот клуб за превенција на тема „Превенција од насилство преку социјалните мрежи- сајбер булинг“, додека пак во соработка со полициски службеници од ПО Шуто Оризари беше спроведена превентивна активност - средба со граѓани, членови на Здружение на пензионери на тема „Превенција од имотни деликти“ со акцент на превенција од имотните деликти - измамите.
Инаку и во текот на вчерашниот ден, Одделението за превенција при СВР Скопје и полициски службеници од ПСОН Кисела Вода во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ реализираа едукативна работилница со ученици од училишниот клуб за превенција на тема „Превенција од семејно насилство“, а пак во просториите на ПСОН Гази Баба беше реализирана едукативно-превентивна активност односно сообраќајна поука за граѓани кои сториле сообраќаен прекршок како пешаци, учесници во сообраќајот кои поминувале надвор од пешачки премин или на црвено светло.