РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 56 став 5 од Законот за прекршоците, (,,Службен весник на РСМ‘‘ бр. 96/19 и бр. 253/23) Одделението за прекршоци Скопје 2, Комисија за одлучување по прекршок, при Министерството за внатрешни работи врши:
Ј А В Н А О Б Ј А В А З А Д О С Т А В У В А Њ Е
Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци Скопје 2, Комисија за одлучување по прекршоци Скопје 2, им соопштува на наведените физички лица, дека има донесено Решенија, на кои по извршени два последователни обиди, не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа:
1. Назми Хајдар, живее во Велес, ул. Богдан Каракостев бр.185, за прекршочен предмет 19.1.2-3236/22.
2. Аслани Муше , живее во Скопје, ул. Патрис Лумумба бр.10/2-2, за прекршочен предмет 19.1.2-3105/22.
3. Спасовски Дејан, живее во Скопје, ул. Божин Николов Силни бр.37, за прекршочен предмет 19.1.2-3033/22.
4. Фејзула Џемиљ, живее во Скопје, ул. Мухамедали Јашари бр.88, за прекршочен предмет 19.1.2-3135/22.
5. Бекировски Роберт, живее во Скопје, ул. Ѓорѓи Пенков бр.24, за прекршочен предмет 19.1.2-3167/22.
6. Сакип Шенер, живее во Скопје, ул. Брсјачка Буна бр.52, за прекршочен предмет 19.1.2-3261/22.
Се повикуваат горенаведените физички лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Скопје 2, Комисија за одлучување по прекршок, во објектот на Министерството за внатрешни работи, Сектор за прекршоци - Скопје на ул. Димитар Туриманџовски бр. 1 нас. Лисиче во Скопје, во својство на странки за прием на горенаведеното Решение, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот, за кое согласно член 70 став 1 од Законот за прекршоците („Службен весник на РСМ бр.96/19 и бр. 253/23), доколку не се задоволни од донесеното решение може да поднесат тужба за поведување на управен спор до Управниот суд на Република Северна Македонија во рок од 30 (триесет) дена од приемот на истото.
По објавата на веб страната на Министерството за внатрешни работи и со истекот на осум дена од денот на објавувањето, ќе се смета дека странките се уредно известени за писменото.
Предупредување:
Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со член 56 став 5 од Законот за прекршоците.
25.12.2024 година
Одделение за прекршоци Скопје 2
Комисија за одлучување по прекршок