РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на чл. 56 ст.5 од Законот за прекршоците ( „Службен Весник на РСМ“ бр.96/19), Одделението за прекршоци БИТОЛА – Комисија за одлучување по прекршоци, при Министерството за внатрешни работи, врши :
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци Битола – Комисија за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените физички и правни лица, дека има донесено одлуки - РЕШЕНИЈА кои не се во состојба да се достават со лична достава и тоа на :
1. Имер Имери, род.на 04.01.1978 год. во Арачиново-скопје, каде живее на ул.„4“ бр.13, по предметот П.П.бр.19.2.1-1907/21 од 22.09.2021 г.;
Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на МВР - Одделението за прекршоци Битола, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на МВР - СВР Битола, на ул. „Булевар 1-ви Мај“ бр.65 - БИТОЛА, во својство на странки за прием на погоре наведените РЕШЕНИЈА, секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот, па доколку странките се незадоволни од одлуката во донесеното РЕШЕНИЕ, против истото ќе можат да поднесат редовно правно средство согласно Законот и согласно наведената правна поука во самото Решение.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доколку странките не се јават во погоре наведениот рок кај наведениот прекршочен орган заради прием на писмената - Решенијата, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за нивно уредно доставување до странките, а согласно со погоре наведената одредба од чл. 56 ст.5 од Законот за прекршоците .
Одделение за прекршоци – Битола
Комисија за одлучување по прекршоци