РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на чл.385 ст.3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Сл.весник на РМ бр.169/15) , чл.88 ст.5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за возила (Сл.весник на РМ бр.140/2008,53/11,123/12,70/14,164/13,138/13 и 154/15) и чл.10 ст.1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир (Сл.весник на РМ бр.152/15 )Одделението за прекршоци КАВАДАРЦИ – Комисија за одлучување по прекршоци, при Министерството за внатрешни работи, врши :
ЈАВНА ОБЈАВА
Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци КАВАДАРЦИ – Комисија за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените физички и правни лица, дека од страна на овластен подносител поднесени им се барања за поведување на прекршочна постапка кои не се во состојба да се достават со лична достава и тоа на :
1. Синан Красниќи од Неготино ул.Г.Делчев бр.23, по предметот ПП.бр.19.2.4 -942/24, од 10.06.2024 година.
2. Куртишов Амет од Неготино ул.Браќа Миладинови бр.7, по предметот ПП.бр.19.2.4 -937/24 од 10.06.2024 година.
3. Исмет Вејселов од Кавадарци ул.Д.А.Габерот бр.48, по предметот ПП.бр.19.2.4 -938/24 од 10.06.2024 година
4. Бехар Ајдари од Арачиново ул.14 бр.91, по предметот ПП.бр.19.2.4 -890/24 од 05.06.2024 година.
5. Ќани Шазиу од Студеничани ул.4 бр.234, по предметот ПП.бр.19.2.4 – 891/24 од 05.06.2024 година.
6. Ибраим Сулиманов од Кавадарци ул.Ѓорѓи Сиколов бр.128, по предметот ПП.бр.19.2.4 – 900/24 од 05.06.2024 година.
Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на МВР - Одделението за прекршоци КАВАДАРЦИ, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на МВР - OВР –КАВАДАРЦИ, на ул. „7 Септември“ бб - КАВАДАРЦИ, во својство на странки за прием на горенаведените барања за поведување на прекршочна постапка со ИЗВЕСТУВАЊЕ, секој работен ден од 08,30 до 16,30 часот, за кои во рок од 3 (три) дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна постапка, согласно член 65 ст.2 од Законот за прекршоците.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување , а согласно со чл. 385 ст.3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Сл.весник на РМ бр.169/15) чл.88 ст.5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за возила (Сл.весник на РМ бр.140/2008,53/11,123/12,70/14,164/13,138/13 и 154/15) и чл.10 ст.1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир (Сл.весник на РМ бр.152/15 ) .
Доколку горенаведените лица во рок од 3 (три) дена по приемот на писмената, не се произнесат писмено по поднесеното барање против истите, Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот.
Одделение за прекршоци – Кавадарци
Комисија за одлучување по прекршоци