21 октомври 2024

ОХРИД

 

                    

    РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

                                            МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

Врз основа на член 56  став 5 од Законот за прекршоци (Службен весник на РМ бр.  96/2019)  Одделение за прекршоци Охрид Комисија за одлучување по прекршоци, при Министерството за внатрешни работи врши: 

                                    ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ

  Министерството за внатрешни работи,Одделение за прекршоци  Охрид-Комисија за одлучување по прекршоци, им соопштува на долунаведените физички лица , дека од страна на овластен подносител им се поднесени БАРАЊА за поведување на прекршочна постапка по ЗАКОН ЗА ЛИЧНА КАРТА кои не се во состојба да ги достават со лична достава и тоа:

1.        АРБЕН ШАЌИРИ од Струга, с. Ливада за прекршочен предмет ф-19.2.6-1442/24 од 18.09.2024г.  

 

 

 

 

 

 

 

         Се повикуваат горенаведените физички лица во рок од 8(осум)дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Охрид, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на Касарна - МВР на РМ , на ул.„Кленоец“ бб Охрид, во својство на странки за прием на горенаведеното барање за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 09.00-15,00 часот, на кое во рок од 3(три) дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна постапка.

      Предупредување :

Ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со чл.56 став 5 од Законот за прекршоци (Службен весник на РМ бр. 96/2019) доколку горенаведените лица во рок од 3 дена по приемот на писменото не се произнесат по поднесеното барање , Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот. 

 

                                                                                                      Одделение за прекршоци – ОХРИД

                                                                                        Комисија за одлучување по прекршоци