30 септември 2024

КУМАНОВО

 

 

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

 

Врз основа на член 56 од Законот за прекршоци (Службен весник на РСМ бр.96/19) и член 45а од Закон за патни исправи , Одделение  за прекршоци Куманово, Комисија за одлучување по прекршок, при Министерството за внатрешни работи врши: 

 

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ

    

            Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци Куманово-Комисија за одлучување по прекршок, им соопштува на долунаведените физички лица, дека од страна на овластен подносител им се поднесени барања за поведување на прекршочна постапка кои во два последователни обиди не се во состојба да ги достават со лична достава и тоа:

 

  1. Шаќири Бари од Куманово, ул.Трст бр.26с, предмет бр.19.2.5-1104/24 од 02.04.2024 година за прекршок по член 5 од ЗПИ

 

Се повикуваат горенаведените физички лица во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение на ВЕБ портал на МВР да се јават во просториите на Одделение за прекршоци Куманово-Комисија за одлучување по прекршок на ул.ЈНА бб во својство на странки, за прием на горенаведеното барање за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08.00-16.00 часот, на кое во рок од 3 (три) дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна костапка. 

Предупредување :

             Ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со член 56 став 5 од Законот за прекршоци (Службен весник на РСМ бр.96/19), и доколку горенаведените лица во рок од 3 дена по приемот на писменото не се произнесат по поднесеното барање, Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот.

 

 

                                                                                     

                                                                                       Одделение за прекршоци Куманово

                                                                                      Комисија за одлучување по прекршок