25 септември 2024

ПРИЛЕП

 РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на чл.56 ст.5 од Законот за прекршоци(Сл.весник на РСМ
бр.96/19), чл.84 ст.1 од Законот за општа управна постапка(Сл.весник на РМ
бр.124/15) и член 88 став 5 од Законот за возила („Службен весник на РМ“ бр.
140/08, 53/11, 123/12, 70/13, 164/13, 138/14 и 154/15 192/15 и Сл.весник на РСМ
бр.161/19), Одделението за прекршоци – Прилеп, Комисија за одлучување по
прекршоци-Прилеп, во Одделот за прекршоци-СППТРСМ, при Министерството
за внатрешни работи, на веб страницата на Министерството за внатрешни
работи, врши:
 
ДОСТАВА СО ЈАВНА ОБЈАВА
 
Министерството за внатрешни работи, Оддел за прекршоци, Одделение
за прекршоци – Прилеп, Комисија за одлучување по прекршоци, им соопштува
на наведените физички лица, дека направи обид за достава на ИЗВЕСТУВАЊА
за поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка по Законот за
возила, кои не се во состојба да се достават со лична достава и тоа на:
1. Известување ПП.I.бр.19.2.2-3783/23 од 22.12.2023 година, за лицето
Стојанче Тачковски од Куманово ул.„ 312 „ бр. 12.
2. Известување ПП.I.бр.19.2.2-3119/23 од 19.11.2023 година, за лицето
Васко Коциров од Струмица бул. „ Маршал Тито„ бр. 25/1-11
3. Известување ПП.I.бр.19.2.2-3270/23 од 23.11.2023 година, за лицето
Салиоски Илфан од Прилеп ул.„ Стибера„ бр. 25
4. Известување ПП.I.бр.19.2.2-3445/23 од 28.11.2023 година, за лицето
Алберт раифоски од Прилеп ул.„ Тризла„ бр. 78
Се повикуваат горенаведените физички лица, во рок од 8 (осум)
дена од денот на објавувањето на оваа јавна објава да се јават во просториите
на МВР, Одделението за прекршоци - Прилеп, Комисија за одлучување по
прекршоци, во објектот на ПС-Прилеп на ул. „Борка Утот“ бр 7, во Прилеп во
својство на пријавени за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА, заедно со
примерок од Барањата за поведување на прекршочна постапка, секој работен
ден од 08,00 до 16,00 часот.
Ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за
внатрешни работи ќе се смета за уредно доставување на писменото, а согласно
чл.56 ст.5 од Законот за прекршоци(Сл.весник на РСМ бр.96/19), чл. 84 ст.1 од
Законот за општата управна постапка (Сл.весник на РМ бр.124/15) и член 88
став 5 од Законот за возила („Службен весник на РМ“ бр. 140/08, 53/11, 123/12,
70/13, 164/13, 138/14, 154/15, 192/15 и Сл.весник на РСМ бр.161/19 ).
 
Одделение за прекршоци-
Прилеп
Комисија за одлучување по прекршоци