16 август 2024

„Не пиј додека возиш“ – превентивна активност на СВР Скопје

 Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска (16.08.2024) спроведе сообраќајна превентивно едукативна активност под мотото – „Не пиј додека возиш“.

Едукативно превентивната активност се спроведе на подрачјето на општината Гази Баба односно на излез од град Скопје. Основна цел на проектот беше зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила, прописи и сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.

Исто така, на возачите при укажување на потребата од почитување на правилата во сообраќајот за носење на појас, им се делеше и едукативен материјал односно летоци, а дополнително како стимулативна мерка беа поделени и маички и капи.