12 јуни 2024

ВЕЛЕС

 

 

 

 

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА  МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО  ЗА  ВНАТРЕШНИ  РАБОТИ

 

Врз основа на член 16-a став (6) од ЗПЖПГ („Службен весник на РМ“ бр. 51/11, 152/15), Комисијата за одлучување по прекршоци, Одделение за прекршоци – Велес, во Сектор за прекршоци, при Министерството за внатрешни работи, врши објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи:

 

ДОСТАВА  СО  ЈАВНА  ОБЈАВА

 

 

Министерството за внатрешни работи, Оддел за прекршоци, Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на РМ, Одделение за прекршоци Велес, Комисија за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените физички лица, дека направи обид за достава на ИЗВЕСТУВАЊА за поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка, кои не се во состојба да се достават со лична достава и тоа на:

 

  1. Јасмин Тутиќ ,  живее во с.Виничани-Велес, Известување Уп-I-бр. 19.2.3-218/24 од 02.02.2024 година;

 

Се повикуваат горенаведените физички лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на оваа јавна објава да се јават во просториите на МВР, Одделението за прекршоци Велес, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на МВР – СВР ВЕЛЕС, на ул. „Панко Брашнар“ бб, во Велес, во својство на странки за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА, заедно со примерок од Барањата за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.

Ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи ќе се смета за уредно доставување на писменото, а согласно член 385 став (3) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Доколку горенаведените лица во рок од 3 (три) дена од уредното доставување на писмената, не се произнесат писмено по поднесеното барање против истите, Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот, а согласно член 65 од Законот за прекршоците.

 

                                                                                     Одделение за прекршоци – Велес

                                                                              Комисија за одлучување по прекршоци