РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 88 став (5) од Законот за возила („Сл. весник на РМ“ бр. 140/08, 53/11, 123/12, 70/13, 164/13, 138/14 и 154/15), Комисијата за одлучување по прекршоци, Одделение за прекршоци - Велес, во Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на РМ, Оддел за прекршоци, при Министерството за внатрешни работи, врши објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи:
ДОСТАВА СО ЈАВНА ОБЈАВА
Министерството за внатрешни работи, Оддел за прекршоци, Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на РМ, Одделение за прекршоци - Велес, Комисија за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените физички лица, дека направи обид за достава на ИЗВЕСТУВАЊА за поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка, кои не се во состојба да се достават со лична достава и тоа на:
- Емран Куртеши од Скопје, ул.Бутелски венец број 94, општина Шуто Оризари, по известување П.П.бр.Ф-19.2.3-165/24 од 22.02.2024 г..
- Игор Спасов од Штип, ул.Џемал Бједиќ број 50-13, општина Штип, по известување П.П.бр.Ф-19.2.3-2446/23 од 19.02.2024 г..
- Сафет Муртезани од Велес, ул.Вера Циривири број 242, општина Велес, по известување П.П.бр.Ф-19.2.3-2215/23 од 18.03.2024 г..
- Симон Лазов од Велес, ул.Браќа Миладинови број 6, општина Велес, по известување П.П.бр.Ф-19.2.3-2235/23 од 28.02.2024 г.
- Џеват Азири, живее на ул. „8“ бр. 47, општина Скопје - Арачиново, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-628/23 од 23.08.2023 година;
- Рахман Демир, живее на ул. „Димитар Влахов“ бр. 22, општина Велес, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-1910/23 од 21.12.2023 година и
- Зејнух Бејтула, живее на ул. „3“ бр. 14, општина Скопје - Студеничани, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-2456/23 од 13.02.2024 година
- Асан Нурчевски , живее во с.Мелница-Велес, Известување Уп-I-бр. 19.2.3-210/24 од 02.02.2024 година;
- Серхан Јашаров , живее во Велес, на ул.„Благој Страчковски“ бр.67, Известување Уп-I-бр. 19.2.3-380/24 од 19.02.2024 година;
- Лазо Малковски , живее во Велес, на ул.„Костурска“ бр.28, Известување Уп-I-бр. 19.2.3-382/24 од 19.02.2024 година;
Се повикуваат горенаведените физички лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на оваа јавна објава да се јават во просториите на МВР, Одделението за прекршоци - Велес, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на МВР –СВР ВЕЛЕС, на ул. „Панко Брашнар“ бб, во Велес, во својство на странки за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА, заедно со примерок од Барањата за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.
Ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи ќе се смета за уредно доставување на писменото, а согласно член 88 став (5) од Законот за возила.
Доколку горенаведените лица во рок од 3 (три) дена од уредното доставување на писмената, не се произнесат писмено по поднесеното барање против истите, Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот, а согласно член 63 од Законот за прекршоците.
Одделение за прекршоци – Велес
Комисија за одлучување по прекршоци