10 јуни 2024

ПРИЛЕП

 

                                                РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

                                       МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

 

    Врз основа на чл.56 ст.5 од Законот за прекршоци(Сл.весник на РСМ бр.96/19), чл.84 ст.1 од Законот за општа управна постапка(Сл.весник на РМ бр.124/15) и член 88 став 5  од Законот за возила („Службен весник на РМ“ бр. 140/08, 53/11, 123/12, 70/13, 164/13, 138/14 и 154/15 192/15 и Сл.весник на РСМ бр.161/19),  Одделението за прекршоци – Прилеп, Комисија за одлучување по прекршоци-Прилеп, во Одделот за прекршоци-СППТРСМ, при Министерството за внатрешни работи,  на веб страницата на Министерството за внатрешни работи, врши:

 

ДОСТАВА  СО  ЈАВНА  ОБЈАВА

 

Министерството за внатрешни работи, Оддел за прекршоци, Одделение за прекршоци – Прилеп, Комисија за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените физички лица, дека направи обид за достава на ИЗВЕСТУВАЊА за поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка по Законот за возила, кои не се во состојба да се достават со лична достава и тоа на:

 

1. Известување ПП.I.бр.19.2.2-3972/23 од 23.12.2023 година,  за  лицето Садри Таировски од с. Жабени – Битола     

2.  Известување ПП.I.бр.19.2.2-3652/23 од 18.12.2023 година,  за  лицето Пецо Јованоски од Прилеп ул.„ Ѓорче Петров„ бр. 31

3. Известување ПП.I.бр.19.2.2-3515/23 од 15.12.2023 година,  за  лицето Фетах Бертхалд од Скопје ул.„ Антон Димитров„ бр. 136А

 

       Се повикуваат горенаведените физички лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на оваа јавна објава да се јават во просториите на МВР, Одделението за прекршоци - Прилеп, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на ПС-Прилеп на ул. „Борка Утот“ бр 7, во Прилеп во својство на пријавени за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА, заедно со примерок од Барањата за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот.

Ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи ќе се смета за уредно доставување на писменото, а согласно чл.56 ст.5 од Законот за прекршоци(Сл.весник на РСМ бр.96/19), чл. 84 ст.1 од Законот за општата управна постапка (Сл.весник на РМ бр.124/15) и член 88 став 5 од Законот за возила („Службен весник на РМ“ бр. 140/08, 53/11, 123/12, 70/13, 164/13, 138/14, 154/15, 192/15 и Сл.весник на РСМ бр.161/19 ).

 

    

                                                                                        Одделение за прекршоци-Прилеп

                                                                          Комисија за одлучување по прекршоци