30 април 2024

ВЕ

 

 

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО  ЗА  ВНАТРЕШНИ  РАБОТИ

 

Врз основа на член 88 став (5) од Законот за возила („Сл. весник на РМ“ бр. 140/08, 53/11, 123/12, 70/13, 164/13, 138/14 и 154/15), Комисијата за одлучување по прекршоци, Одделение за прекршоци - Велес, во Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на РМ, Оддел за прекршоци, при Министерството за внатрешни работи, врши објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи:

 

ДОСТАВА  СО  ЈАВНА  ОБЈАВА

 

Министерството за внатрешни работи, Оддел за прекршоци, Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на РМ, Одделение за прекршоци - Велес, Комисија за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените физички лица, дека направи обид за достава на ИЗВЕСТУВАЊА за поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка, кои не се во состојба да се достават со лична достава и тоа на:

Атанас Љушев,  живее во Богданци на ул.„Иво Лола Рибар“ бр.15, Известување Уп-I-бр. 19.2.3-1744/23 од 28.09.2023 година;

Михаил Талевски,  живее во Горно Оризари-Битола на ул.„8 Ми Септември“ бр.33, Известување Уп-I-бр. 19.2.3-1874/23 од 17.12.2023 година;

Шуајп Кок,  живее во Радовиш на ул.„Свети Спасо Радовишки“ бр.1, Известување Уп-I-бр. 19.2.3-1899/23 од 16.10.2023 година;

Ељмас Сулејмани ,живее во Скопје на ул.„Индира Ганди“ бр.311, Известување Уп-I-бр. 19.2.3-2411/23 од 14.12.2023 година;

Пере Николов,  живее во Велес, на ул.„Никола Оровцанец“ бр.18, Известување Уп-I-бр. 19.2.3-2415/23 од 14.12.2023 година;

          

6.Панче Атанасов,  живее во о.Градско-Велес, на ул.„11 Октомври“ бр.38, Известување Уп-I-бр. 19.2.3-2479/23 од 19.12.2023 година;

 

7.Даниел Јовановиќ,  живее во Куманово, на ул.„11 Октомври“ бр.78/29, Известување Уп-I-бр. 19.2.3-3/24  од 15.01.2024 година;

Се повикуваат горенаведените физички лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на оваа јавна објава да се јават во просториите на МВР, Одделението за прекршоци - Велес, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на МВР –СВР ВЕЛЕС, на ул. „Панко Брашнар“ бб, во Велес, во својство на странки за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА, заедно со примерок од Барањата за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.

Ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи ќе се смета за уредно доставување на писменото, а согласно член 88 став (5) од Законот за возила.

Доколку горенаведените лица во рок од 3 (три) дена од уредното доставување на писмената, не се произнесат писмено по поднесеното барање против истите, Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот, а согласно член 63 од Законот за прекршоците.

 

                                                                                     Одделение за прекршоци – Велес

                                                                              Комисија за одлучување по прекршоци