20 март 2024

СКОПЈЕ 2

 

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

 

Врз основа на член 56 став 5 од Законот за Прекршоци  (Службен весник на РСМ бр.96/2019година) Одделение  за прекршоци Скопје-2 Комисија за одлучување по прекршок, при Министерството за внатрешни работи врши:

 

 

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ

 

     Министерството за внатрешни работи ,Одделение за прекршоци Скопје 2-Комисија за одлучување по прекршок, им соопштува на долунаведените физички лица , дека од страна на овластен подносител им се поднесени барања за поведување на прекршочна постапка кои не се во состојба да ги достават со лична достава и тоа:

 

1.РОЈАЛ ТРАВЕЛ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со седиште на бул.Крсте Мисирков бр.1/8-1    предмет ПП бр. 19.1.2-26/23 од 07.03.2023 година

2.Одг.лице :Елвис Џоговиќ од Скопје каде и живее во с.Љубош бб  предмет ПП бр. 19.1.2-24/23 од 28.02.2023 година

 

3.Физ.лице :Елвис Џоговиќ од Скопје каде и живее во с.Љубош бб  предмет ПП бр. 19.1.2-24/23 од 28.02.2023 година

 

 

 

 

 

Се повикуваат горенаведените физички лица во рок од 8(осум)дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Скопје 2, Комисија за одлучување по прекршок во објектот на МВР на РСМ – Сектор за прекршоци на ул.Димитар Туриманџовски бр.1 нас.Лисиче во својство на странки за прием на горенаведеното барање за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08.00-16.00 часот на кое во рок од 3(три) дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна  постапка ,согласно член 60 ст.3 од Законот за прекршоци (Сл.Весник на РСМ бр.96/19).

 

 

 

 

Предупредување :

 

Ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со член 56 став 5 од Законот за Прекршоци  (Службен весник на РСМ бр.96/2019година)),доколку горенаведените лица во рок од 3 дена по приемот на писменото не се произнесат по поднесеното барање , Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот.

                                                                                          

19.03 .2023 год                                                                        Одделение за прекршоци Скопје 2

                                                                                            Комисија за одлучивање по прекршок