15 февруари 2024

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ СКОПЈЕ 1

      РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

     МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

 

Врз основа на член 88 став 5 од Законот за возила, (,,Службен весник на Република Македонија‘‘ бр. 140/2008, 53/11, 123/12, 70/13, 164/13, 138/14 , 154/15 и 39/16 и ,,Службен весник на РСМ‘‘ бр. 161/19) Одделението за прекршоци Скопје 1, Комисија за одлучување по прекршок, при Министерството за внатрешни работи, врши јавна објава:

Ј А В Н А  О Б Ј А В А    З А    Д О С Т А В У В А Њ Е

Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци Скопје 1, Комисија за одлучување по прекршоци Скопје 1, им соопштува на наведените правни лица и одговорни лица во правни лица, дека од страна на овластен подносител им е поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка, на кое по извршени два последователни обиди за достава на известувањето, не се во состојба да ги достави со лична достава и тоа:

 

1.        Правно лице: ДТТУ ПЕРФЕКТ ТРАВЕЛ ДООЕЛ со седиште во Скопје на ул. Георги Попхристов бр. 6-2/3  Општина Чаир за прекршочен предмет П.П.бр.19.1.1-30/23;

2.       Oдговорно лице во правно лице Анета Хаџијевска со адреса на живеење во Скопје на ул. Георги Попхристов бр. 6-2/3 Општина Чаир, за прекршочен предмет П.П.бр.19.1.1-30/23;

3.       Правно лице: ДТТУ БАТЕ - КОМЕРЦ ДООЕЛ со седиште во Скопје на ул. Наум Чакаров бр. 42А  Општина Ѓорче Петров, за прекршочен предмет П.П.бр.19.1.1-31/23;

4.      Oдговорно лице во правно лице Игор Николовски со адреса на живеење во Скопје на ул. Наум Чакаров бр. 42А Општина Ѓорче Петров, за прекршочен предмет П.П.бр.19.1.1-31/23;

5.       Правно лице: ДТШТ АМАР-Л ДООЕЛ со седиште во Скопје на ул. 3 бр. 196 во с. Сарај  Општина Сарај, за прекршочен предмет П.П.бр.19.1.1-32/23;

 

Се повикуваат горенаведените правни лица и одговорни лица во правни лица во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Скопје 1, Комисија за одлучување по прекршок, во објектот на Министерството за внатрешни работи, Сектор за прекршоци на ул. Димитар Туриманџовски бр.1 нас. Лисиче, во својство на странки за прием на горенаведеното барање за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот, на кое во рок од 3 (три) дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна постапка.

По објавата на веб страната на Министерството за внатрешни работи и со истекот на осум дена од денот на објавувањето, ќе се смета дека странката е уредно известена за писменото.

 

Предупредување:  Доколку горенаведеното правно лице и одговорно лице во правно лице не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со член 88 став 5 од Законот за возила.

 

Одделение за прекршоци Скопје 1

Комисија за одлучување по прекршок