Издавање на лична карта
ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 072 92 92 92 и 0800 192 92 (само од фиксен телефон)
ЕЛЕКТРОНСКО ЗАКАЖУВАЊЕ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ http://termin.mvr.gov.mk/
Лична карта е јавна исправа со која се докажува идентитетот, државјанството, живеалиштето и адресата на граѓанинот на Република Северна Македонија.
Потребни документи за аплицирање за лична карта
Прва лична карта
за полнолетни лица
·
Б
арање
·
Уплатница 310,00 денари
или уплата преку Пос терминал
·
Лична карта од еден
родител
·
Извод од матична книга на родените – оригинал или копија
Прва лична карта за малолетно лице (15 до 18 години возраст)
·
Б
арање
·
Уплатница 310,00 денари или уплата преку Пос терминал
·
потребно е лично присуство на двајцата родители со документ за идентификација
·
Извод од матична книга на родените – оригинал или копија
Замена на лична карта
·
Б
арање
·
Уплатница 310,00 денари или уплата преку Пос терминал
·
На увид старата лична карта
Изгубена или украдена лична карта
·
Б
арање
·
Изјава
·
Уплатница 310,00 денари или уплата преку Пос терминал
·
Уплатница 60.00 денари за Службен Весник Или преку Пос терминал
·
Дупликат л.карта која не е во важност не треба да се огласи
Замена на лична карта по основ на склучен брак
·
Б
арање
·
Уплатница 310,00 денари или уплата преку Пос терминал
·
Извод од матична книга на родените со новото презиме со склучен брак
или извод од матичната книга на венчаните
·
Старата лична карта
·
Важечка л.карта од сопругот или сопругата
Замена на лична карта со промена на адреса
·
Б
арање
·
Уплатница 310,00 денари или уплата преку Пос терминал
·
доказ за сопственост на станот на кој се пријавува живеалиштето,
·
- договор за закуп на станот на кој се пријавува живеалиштето склучен во писмена форма и заверен од нотар,
·
- договор за послуга склучен во писмена форма и заверен од нотар,
·
- договор за доживотна издршка склучен во писмена форма и заверен во согласност со закон, со кој се воспоставува заедница на живот на давателот и примателот на доживотната издршка,
·
- писмена потврда издадена од општината, со која се потврдува постоење бесправно изграден објект за живеење на кој не му е утврден правниот статус (со или без поднесено барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект), со наведување постојна улица и број а, доколку ја нема, се наведува најблиската улица,
·
- решение за данок на имот за станбен објект во кој граѓанинот живее и доказ за платен данок за имот за наведениот објект,
·
- писмено известување за граѓанинот од социјалната, односно здравствената установа во која е сместен, во кое се наведува адресата на установата и целта поради која се дава известувањето или
·
-писмено известување за бездомник од надлежниот центар за социјална работа до
Министерството за внатрешни работи.
·
Старата лична карта
ЛИЧНА КАРТА ПО ИТНА ПОСТАПКА
ЗА ЛИЧНА КАРТА ПО ИТНА ПОСТАПКА МОЖЕ ДА СЕ АПЛИЦИРА ВО СЛУЧАЈ АКО НЕМА ПРОМЕНА НА ЖИВЕАЛИШТЕ И НЕМА ПРОМЕНА НА АДРЕСА НА СТАН
Уплатница 930,00 денари
или уплата преку Пос терминал
Личните карти се изработуваат во рок од 15 дена од денот на поднесување на молбеното барање.
Личните карти по итна постапкасе изработуваат во рок од 2 (два)работни дена од денот на поднесување на молбеното барање.
За сите неј
аснотии во врска со потребните документи потребно е граѓаните да ги упатите во подрачните единици на Министерството за внатрешни работи
ИЗВЕСТУВАЊЕ
СЕКОЈА ИЗГУБЕНА ИЛИ УКРАДЕНА ЛИЧНА КАРТА ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ОГЛАСУВА ЗА НЕВАЖЕЧКА ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК