СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.Б. (49) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.04.2024 во Струга, пријавениот откако забележал полициски службеници, од патничко возило „фолксваген голф“ фрлил кокаин.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Н. (44) од Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Во временски период од 01.04.2025 до 08.04.2025, пријавениот му упатувал закани по живот на 36-годишен маж од струшко село, со привремен престој во странска земја.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Ф. (58) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 24.04.2024, откако претходно изнајмил патничко возило „ауди“ од правен субјект од Гостивар, пријавениот не го вратил изнајменото возило на сопственикот.
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.А. (31) од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем “. Пријавениот, на социјална мрежа на 23.04.2025 промовирал и поттикнал омраза, нетрпеливост и насилство.
На 13/14.07.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Т.Р.(37), М.Б.(25) и 16-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, ризли и нож. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 13.07.2025 во 17.21 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, пред крстосница за с.Драгарино, битолско, патничко возило „фолксваген поло“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(45) од с.Загориче, демирхисарско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата од здобиените повреди, возачот А.Ѓ. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид од jавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.
На 13.07.2025 во 06.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на локален пат помеѓу селата Богородица и Стојаково, гевгелиско, патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.П.(18) од село Стојаково, излетало надвор од патот. Од преземените мерки било утврдено дека возачот го управувал возилото под дејство на алкохол, односно со 1.57 промили алкохол во крвта. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.П., констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
На 13.07.2025 околу 13.30 часот во СВР Велес е пријавено дека на експресниот пат Дреново-Градско, пред приклучокот за автопатот А1, Градско-Велес, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(27) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Куманово, додека со повреди се здобиле возачот и другиот сопатник М.Р.(18) од Куманово, констатирани во Општата болница во Велес. Извршен е увид од jавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес.
На 13.07.2025 во 21.20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Пирок, кај с.Горна Речица, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „смарт“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(25) од с.Голема Речица и мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од Р.М.(48) од с.Мала Речица, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.М., констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
На 13.07.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Скупи“ во Скопје настанал пожар во кој биле опожарени шест куќи, додека на две куќи биле зафатени делови. Во пожарот малолетник се здобил со повреда и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Во истата болница била пренесена и Ш.С.(34) поради вдишување на чад. Исто така, Р.С.(69), Х.Х.(49) и тројца полициски службеници, поради вдишување чад, побарале помош во Градската општа болница „8 Септември“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат.
Денеска (14.07.2025) во 04.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Хиподром настанал пожар во гаражен простор во склоп на зграда, во кој биле зафатени патничко возило „мерцедес“, патничко возило „бмв“ и мотоцикл „беверли“, сите со скопски регистарски ознаки и сите сопственост на А.С.(32) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а од страна на станарите на едно женско лице му била пружена лекарска помош поради вдишување на чад.
На 13.07.2025 во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Р.(47) од една страна и Д.Ц.(33) од друга страна, двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.07.2025 во 23.06 часот во СВР Скопје, Л.В.(61) од Скопје пријавила дека околу 21.15 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно нарушени меѓусоседски односи, била физички нападната од С.С.(42) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.07.2025 во 20.30 часот во СВР Скопје, С.Ѓ.(20) од Скопје пријавил дека околу 19.40 часот на работното место во спортска обложувалница на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.07.2025 во 01.30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 01.00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Ј.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.