Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 09.07.2025

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Ј.(54) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 04.07.2025 полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени стебла од канабис. 

 

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против М.Ј.(27) од с.Житоше, о. Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На Граничниот премин Табановце, за влез во државата, при извршени гранични проверки е констатирано дека пријавениот приложил фалсификувана бугарска лична карта.

 

На 08.07.2025 во Полициската станица Радовиш е пријавено дека во 06.40 часот на магистралниот пат Радовиш-Штип, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „голф“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Д.К.(42) од Радовиш и велосипед управуван од Г.М.(41) од Радовиш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Штип, а увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.

 

На 08.07.2025 во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(22) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 08.07.2025 во 13.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната С.А. и велосипед управуван од А.Ј.(32), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

 

На 08.07.2025 во 09.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 08 часот, при изведување градежни работи на објект кај селските гробишта во с.Соколарци, општина Чешиново-Облешево, С.М.(37) од с.Соколарци, се здобил со повреди од струен удар, по што починал. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

На 08.07.2025 во 10.45 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с.Ивањевци, битолско, била пронајдена артилериска граната од Првата Светска Војна. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната.

 

Денеска (09.07.2025) во 01.20 часот во СВР Скопје, Д.Л.(39) од Куманово пријавил дека околу 00.45 часот во казино на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 07.07.2025 во 15.13 часот во СВР Скопје, А.К.(65) од Скопје пријавил дека околу 15 часот на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од Љ.Б.. Исто така, на 08.07.2025 околу 17 часот А.К. пријавил дека Љ.Б. со огнено оружје му се заканувал нему и на неговото семејство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 08.07.2025 во 11.00 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена од Скопје пријавила дека на 07.07.2025 околу 23.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево, била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Д.(40) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 08.07.2025  во 17.00 часот во СВР Скопје, 43-годишен маж од Скопје пријавил дека во временскиот период од месец октомври 2024 до 08.07.2025, неколку пати бил нападнат од неговата поранешна вонбрачна партнерка З.С.(47), која му упатувала и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 08.07.2025 во 22.08 часот во СВР Скопје, С.К.(38) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот на игралиште на подрачјето на Кисела Вода, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Д.М. и Б.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 08.07.2025 во 11.25 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека нивниот штитеник И.И.(14) се оддалечил од установата, од која и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

 

На 08.07.2025 во 10.43 часот  во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 03.00 до  04.00 часот во спортска обложувалница на подрачјето на општина Аеродром, од страна на едно лице било запалено столче. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (09.07.2025) околу 00.45 часот во СВР Скопје, Е.А.(55) од с.Долно Свиларе, скопско, пријавила дека во дворот од семејната куќа две лица од кои едното со огнено оружје, и упатиле закани во обид да одземат пари, но не одзеле ништо. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.