Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 27.06.2025

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.Т.(41), М.П.(39) и Ф.Ѓ.(39), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.01.2025 во Казнено-поправниот дом Штип, во пакет наменет за првопријавениот- осуденик во установата, е пронајден и одземен амфетамин, кој второпријавената и третопријавениот му го испратиле по пошта.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 02.06.2025 на бул. „Партизански oдреди“ во Скопје, пријавениот, по претходна расправија, со остар предмет му нанел убодни рани на 17-годишник.

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.А.(21) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 17.07.2024 во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед на едно лице од Прилеп, при што е пронајдена и одземена марихуана и таблети, кои ги набавил од пријавениот. На 25.11.2024 при извршен преглед, кај пријавениот е пронајдена и одземена марихуана.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Ш.(28) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 28.12.2024 во Прилеп, полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени пиротехнички средства.

На 26/27.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ц.М.(26) и Б.Б.(30), двајцата од Скопје и П.Л.(34) од с.Черкези, кумановско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 26.06.2025 околу 23 часот во СВР Велес е пријавено дека на улица „Вардарска“ во Велес, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.Б.(21) од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле неговите сопатници А.Д.(20), Ш.Р.(19) и уште една малолетна сопатничка, сите од Велес, констатирани во Општата болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.


На 26.06.2025 во 09.30 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на автопатот Неготино-Демир Капија, патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од Т.П.(56) од Р.Србија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.П.(61), а со телесни повреди се здобила Т.П. и 17-годишен сопатник, сите од Р.Србија, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Неготино.

На 26.06.2025 во 17.40 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода С.Г.А.(45) од Р.Турција, затоа што при извршена гранична контрола е констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање од Интерпол- Франција. Тој бил предаден на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка за понатамошна постапка.

Денеска (27.06.2025) во 00.15 часот во СВР Скопје Т.П.(47) од Скопје пријави дека на 26.06.2025 околу 22 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Ѓ.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.06.2025 во 22.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.С.(31) и М.С.(26) од една страна и Д.Ј.(20), М.Ј.(36) и малолетник од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.06.2025 во 19.30 часот во СВР Скопје Н.А.(63) од с.Сарај,скопско, пријави дека околу 14 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (27.06.2025) во 02.34 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 02.20 часот во с.Долно Количани, скопско, било опожарено патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Р.(62) од с.Долно Количани, скопско. Пожарот е изгаснат од страна на соседите. Повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.06.2025 во 18.00 часот во ОВР Прилеп, 46-годишна жена пријавила дека околу 00.30 часот во домот во Прилеп, била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер А.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (27.06.2025) во 00.19 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во Делчево настанал пожар во стан, сопственост на Ф.Д., во кој во моментот немало никој. Од Територијалната противпожарна единица Делчево, пожарот е изгаснат. Подоцна, во 02.00 часот во Итната медицинска помош Делчево, 16-годишна малолетничка, која живее во истата зграда, побарала помош поради отежнато дишење. Извршен е увид.