Во рамки на ILECU Проектот и во соработка со МВР на Словенија, во периодот 07/08.04.2010 година во просториите на МВР се одржа семинар за Работни досиеја за анализа на Европол. Република Македонија е во завршна фаза од преговорите за склучување на Оперативен договор со Европол, и како една од приоритетните активности веданш по потпишување на оперативниот договор ќе биде приклучување на Република Македонија во некој од постоечките Работни досиеја за анализа на Европол.
За таа цел во текот на семинарот покрај општи презенатации за Европол беа пренесени искуствата на МВР на Словенија на планот на активно вклучување и партиципирање во Работните досиеја за анализа на Европол.
На семинарот беа поканети за учество преставници од Царинската Управа, Управата за финансиска полиција, Управата за спречување перење пари и финансирање тероризам, Дирекцијата за заштита на лични податоци, како и преставници од повеќе организациони едниници на МВР, и тоа Управа за безбедност и контраразузнавање, Сектор за аналитика, истражување и документирање, Оддел за организиран криминал, Сектор за соработка со НАТО и класифицирани информации и Сектор за меѓународна полициска соработка.
Од страна на г-дин Дамјан Потпариќ – Началник на Одделение за Европол при Сектор за меѓународна полициска соработка во МВР на Република Словенија, кој беше презентер во текот на целокупниот семинар, присутните беа воведно информирани за поимот, мисија и надлежностите на Европол, правната основа за соработка и начинот на процесуирање на барањата и информациите од земјите членки во Европол. Со цел запознавање на присутните со начинот на реализирање на соработката со Европол, Началникот на Одделение за Европол при СМПС во МВР на Република Македонија ги презентираше организациската и институционална поставеност на СМПС и Одделенето за Европол, правната основа за соработка, реализираните активности со Акцискиот план за имплементација на стратешкиот договор и создавање на услови за започнување на оперативен договор, Планот за идни активности, Меморандумот за разбирање за воспоставување на комуникацискииот линк со Европол, како и за идните планирани активности.
Останатиот дел од семинарот беше посветен на Работните досиеја за анализа на Европол - Analysis Work File (AWF) и тоа
Европски криминалистичко разузнавачки модел
Работни досиеја за анализа на Европол – AWF, поим основни документи, видови досиеја
Улога на трета земја во Работните досиеја за анализа на Европол - AWF, услови за приклучување, предности, обврски, можности,. Свој придонес на темата даде и Офицерот за врска за Европол од Одделението за Европол презентирајќи ги досегашните искуства на Одделенето за Европол на овој план.
Искуството на Словенија во размената на информации во рамки на одредено Работно досие за анализа на Европол - продукти кои се создаваат, начин на кој се разменуваат информации, сопственост врз информациите, примена на стандарди за заштита на лични податоци
Кодови за ракување и вреднување на информaции .
Работно досие за анализи (AWF) е средство преку кое ЕВРОПОЛ обезбедува поддршка за истрагите покренати од страна на надлежните органи во земјите членки на ЕУ, со помош на разузнавачки анализи. Со цел да се постават здрави законски основи за AWF, и да се осигура дека средствата ќе бидат насочени кон приоритетните актуелни проблеми, за да се отвори еден AWF мора да бидат задоволени следните критериуми :
Да се однесува на кривични дела кои се во делокругот на надлежност на ЕВРОПОЛ;
Да се вклучени две или повеќе земји членки;
Да постојат втемелени и јасни сознанија дека се работи за организирана криминална структура.
Предлог за отворање на нов AWF може да биде поднесен од Земја членка; Управниот одбор на ЕВРОПОЛ и Специјализирана криминалистичка единица во рамки на ЕВРОПОЛ. По поднесување на предлогот се изработува Студија за изводливост од страна на телото кое го предлага AWF во соработка ЕВРОПОЛ. Оваа Студија ја чини основата врз основа на која Директоратот на ЕВРОПОЛ донесува одлука. Во основа со неа се утврдува:
Кои држави членки се погодени од одреден криминален проблем/феномен;
Дали сакаат да соработуваат на меѓународно ниво за да го покренат овој проблем преку AWF;
Дали имаат податоци за проблемот за кои што се согласни и дали се во можност да ги споделат со AWF;
Дали се во можност да вложат ресурси што ќе бидат нужни за оваа цел;
Дали се согласни да постапуваат во согласност со видувањата и барањата на AWF.
Доколку одговорите на наведените прашања го убедуваат Директоратот на ЕВРОПОЛ дека отворањето на таков AWF е оправдано, тогаш ќе биде иницирана Постапка за отварање. Основните проектните документи, кои се наброени подолу, ќе бидат подготвени и поднесени на одобрување до: Директоратот на ЕВРОПОЛ; Заедничкото тело за надзор (кое врши надзор над заштитата на личните податоци); Управниот Одбор на ЕВРОПОЛ. AWF ќе се смета за официјално отворен кога ќе биде добиено одобрение од наведените органи.
Постојат три главни документи кои се потребни за отворање на AWF:
Наредба за отворање: во која се објаснува зошто е потребен AWF и потоа се дефинира каков вид на податоци можат да се собираат и за кои категории на лица, како и за условите и временските рамки за нивно чување.
Проектен план: ова е работен документ кој дефинира како ќе постапува AWF и која е целта што сака да ја постигне; како таков тој е работен документ и е предмет на измени во периодот додека е активен AWF. Со него се поставуваат целите на Проектот; производите и услугите кои ќе ги испорача; тимот и нивните поединечни задачи и обврските кои треба да се постигнат
План за собирање на податоци: ова е документ со кој ЕВРОПОЛ ги дефинира податоците кои се потребни за AWF. Ограничувањата за сите податоци кои се внесуваат во сетот на податоци за конкретниот AWF се веќе поставени со одредбите кои се однесуваат на одлуката за отворање, но овој документ оди и надвор од поставениот опсег идентификувајќи го обемот на видот на информации кои би биле корисни (изјави на сведоци, разузнавачки записи, прислушување, претреси, криминалистички извештаи, итн) изворите и агенциите кои можат да снабдуваат со податоци, форматот, јазикот, итн.
Учесниците во AWF ќе бидат наведени во Одлуката за отворање. Секое тело кое учествува номинира свои претставници кои ќе бидат назначени за AWF; тие се познати под називот Група за анализи (ГА). Во ЕВРОПОЛ се чува досие за сите учесници кои се дел од ГА и само овие именувани лица можат да ги гледаат и да дискутираат по податоците во AWF. Тела учесници можат да бидат:
AWF тим: во рамки на ЕВРОПОЛ се составува тим кој ќе работи на одреден AWF. Тимот е предводен од Проект Менаџер (ПМ) Поголемиот дел од тимот се состои од аналитичари кои се назначени за AWF; тие се предводени од Виш аналитичар, кој го дефинира аналитичкиот пристап во согласност со насоките дадени од Проект Менаџерот. Понатаму, во тимот ќе има одреден број специјализирани службеници назначени за AWF. Тие ќе бидат од различни специјализирани криминалистички единици од Одделот за сериозен криминал при ЕВРОПОЛ, во зависност од тоа со каков вид на криминал треба да се справи одреден AWF.
Држави членки: Секоја земја членка може да учествува во AWF, но нејзиното учество треба да биде оправдано со очигледна потреба и можност да се придонесе во работата на одреден AWF. Учеството на земјите членки е предмет на повремен преглед и изменување/дополнување. Држава членка може исто така да назначи персонал да работи во ЕВРОПОЛ да извршува посебна улога во одреден AWF.
Трети страни: Секоја трета страна која има склучено Оперативен договор за соработка со ЕВРОПОЛ може во потполност да учествува во AWF во обем во кој може да учествува земја членка. Трети држави без склучен оперативен договор можат да придонесуваат со податоци кон одреден AWF, но не можат повеќе од тоа земат учество. Истото се однесува на Меѓународни организации и други трети страни.
Целни групи: во рамки на одреден AWF повремено можат да се формираат потпроекти или Целни групи за да се фокусираат на одредени делови од криминалните групи. Во Целната група може да биде вклучена под-група од сите земји членки учеснички, т.е. некои земји членки се согласиле да бидат изоставени од одредени специфични податоци во рамки на Целната група.
Од страна на Началникот на Одделението за Европол при СМПС во МВР на Република Словенија беа дадени и конкретни сугестии во однос на идното учество на Република Македонија во некој од Работните досиеја за анализа на Европол.
Пред се неопходно е да се изврши анализа на национално ниво за приоритетните области кои се од интерес на соработка со Европол, избор на конкретно досие, избор на експерт од областа за секое конкретно досие и да се изврши формирање на посебен систем на комуникација и процесуирање на информации на национално ниво.
Доколку Република Македонија располага со информации истите ќе биде обврзана да ги доставува континуирано, по сопствена иницијатива, истите е потребно да ги ажурира и да презема и други обврски наведени во матрејалите за приклучување во Досието.
Назначените контакт лица за конкретното досие треба активно да присуствуваат на редовните состаноци на работната група во Европол за што земјата треба да предвиди и обезбеди финансиски средства за учество. Учеството во AWF го вклучува барањето за учество во и активен придонес на следните состаноци:
Состаноци на групата аналитичари: овој вид на состаноци вообичаено се одржуваат еднаш годишно во ЕВРОПОЛ во Хаг, Холандија и во нив се вклучени сите земји членки на ЕУ. Од националните експерти назначени за работа во одреден AWF се очекува да учествуваат и да доволно подготвени за да можат да ја држат информирана Групата за анализа постојано информирана за ситуацијата во сопствената држава. Од нив исто така се бара да ги застапуваат интересите на сопствените држави и да донесуваат одлуки во нивна полза. Поради тоа многу е битно да се определи соодветно лице за учество во состаноците на Групата за анализа и дека нивното учество ќе биде доследно се додека AWF е активно.
Оперативни состаноци: ова се повремени состаноци ad-hoc кои се одржуваат по претходно укажана потреба, вообичаено за дискутирање на конкретни оперативни развои на настани или намери. Според тоа, локацијата и учесниците за состанокот ќе зависи од прашањето кое ќе биде предмет на расправа.
Состаноци на стратешко/експертско ниво: Доколку одреден AWF содржи стратешки елемент во него, можат да бидат свикани и состаноци на стратешко ниво, иако ова се случува многу ретко. Сите специјализирани криминалистички единици во ЕВРОПОЛ одржуваат годишни експертски состаноци во ЕВРОПОЛ, во Хаг и во таков случај многу е веројатно да бидат поканети за учество и претставници од одреден AWF. Понатаму, бидејќи на овие состаноци се дискутира за неоперативни податоци, можно е на нив да бидат поканети за учество и претставници од разни невладини организации, од академските кругови, индустријата соодветно на укажаната потреба.
Учеството на овие состаноци е на трошок на учесниците.
Во однос на националната група или мрежа на одговорни лица ќе биде потребно:
Назначување на контакт лице во конкретно досие - инспектор, експерт во областа, (тероризам, дрога, фалсификување пари) со добро познавање на англискиот јазик, процедурите за соработка со Европол и националната легислатива
Назначување на негов заменик
Назначување на аналитичар
Офицерот за врска во Европол е можно да пружи подршка во одредени ситуации
Национален координатор на стратешко ниво со мандат да одлучува за соработката, развојот во однос на досието .
Одделението за Европол треба да е надлежно за целокупната достава односно размена на информации помеѓу формираната група на национално ниво и Европол .
Конкретното учество на секоја земја која е вклучена во Досието, се евалуира на ниво на Европол и тоа квалитетот и квантитетот/форматот на информции кои се доставуваат во Досието. Квалитетот на доставените информации се цени по неколку критериуми и тоа значајност на информациите за досието, тековни информации, содржина, употреба на системот за евалуирање и кодирање односно 4х4, а квантитетот и според тоа дали се доставни структуирани информции, нивната големина, дали се доставни на англиски јазик, електронски итн. Постои високо, средно и ниско ниво на придонес на секоја земја во конкретно досие.
Од сите презентирани информции може да се констатира дека од страна на Република Македонија неопходно е да се преземат активности за квалитетна подготовска во Работните досиеја за анализа на Европол.
