По заплената на околу 2 килограми кокаинска паста и шверцот на берндирана стока скопјанката Персида Момировска останува во притвор. На Пепи и истекол притворот завчера, но бидејќи истрагата против неа се уште трае, Момировска останува во притвор и во наредните 30 дена
На Персида Момировска - Пепи, скопјанката која минатиот месец беше притворена поради криумчарење на околу два килограми кокаин-паста и шверц со брендирана облека, и е продолжен притворот. Портпаролот на скопскиот суд, Владимир Туфекџиќ, изјави дека на Момировска и е продолжена мерката притвор за нови 30 дена оти истрагата за неа се уште не била завршена. Туфегџиќ вели се вршеле вештачења.
Персида Момировска беше притворена на 14-ти минатиот месец откако полицијата влезе во потрага на кокаин-пастата што стасала од Перу на адреса на нејзини роднини во скопската населба Влае. Македонската во соработка со германската полиција во акцијата Франкфурт ја заплени дрогата, а заплени и поголемо количество брендирана гардероба. Момировска се сомничи за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за криумчарење брендирана облека. Соработникот на Момировска, Воислав Будисављевиќи кој во јануари отпатувал во Лима, Перуи за да ја набави дрогата и кој организрал транспорт на дрогата, не им е достапен на органите на прогонот. 44-годишниот скопјанец ја спакувал кокаин-пастата во поштански пакет, по што пратката во која имало боја за порцелан авионски стасала во царинската испостава во Пошта 2. По апсењето истаржен судија издаде налог за претрес во домот на Персида, при што полицијата утврди дека изнајмениот стан во Тавталиџе Персида го пренаменила во бутик каде што се продавала брендирана гардероба, бунди, капути, кожнени јакни, чевли, чанти и фармерки со потпис на Версаче, Армани Долче и Габана, Фере и други. Полицијата таму заплени и осум куфери во кои имало гардероба, чија вредност МВР ја процени на 12 милиони денари. Како стасувала брендираната стока од Италија во Скопје и дали Момировска имала соработник во Царината или пак таа вешто на своите вип-муштерии им продавала фалсификати, за кои се шпекулира дека се шиени, па потоа на истите им се ставани етикети, останува да утврди истрагата. Доколку облеката, обувките и чантите се оригинални, против Момировска ќе биде поднесена и пријава за даночно затајување. Тефтерот во кој биле заведувани клиентите и нивните телефонски броеви кои неофицијално ги имало околу 1000, полицијата го предаде во истрагата и најверојатно лицата ќе бидат сослушани.