Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

10.02.2010 Во рамките на посетата на висока владина делегација на Чешка
Потпишан договор за заедничка борба против криминалот

Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска, вчера (09.02) во Прага (Чешка), а во рамките на тридневната посета на високата владина делегација на Република Македонија предводена од премиерот Никола Груевски на Чешката Република, со својот чешки колега го потпишаа билатералниот Договор за соработка во борбата против криминалот.

Целта на овој договор е да се продлабочи и зајакне меѓусебната соработка на двете министерства во превенцијата и откривањето на кривичните дела и утврдување на сторителите на истите, особено преку размена на стратешки и оперативни информации и директни контакти помеѓу надлежните органи на сите соодветни нивоа. Притоа, опсегот на таа соработка ќе ги опфаќа сите форми и видови на криминал, а договорот ги регулира рамките и моделите на меѓусебната соработка која, меѓу другото, ја предвидува и обуката и едукацијата на кадри.  

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk