Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

21.01.2010 Заедничка изјава на министрите за внатрешни од ЕУ земјите кандидати и САД
Единствено глобалниот одговор може да биде ефикасен против тероризмот

Министерот за внатрешни работи на РМ Гордана Јанкулоска, денеска и утре присуствува на дводневниот неформален состанок на министри за внатрешни работи и правда, кој во рамки на шпанското претседателство со ЕУ се одржува во Толедо.

На овој состанок, покрај министрите на земјите членки на ЕУ, земјите кандидати и земјите кои се дел од Шенгенскиот договор, присуствува и Државниот Секретар на Стејт Департментот за внатрешна безбедност на САД. Една од централните теми на неформалната средба е дискусијата за актуелните терористички закани, особено по обидот за напад на авион кој се приближувал кон Детроит на 25 декември 2009 година, како и изнаоѓање начини за зајакнување на меѓународните безбедносни мерки и стандарди за авијациска безбедност и претстојниот дијалог на глобално ниво за безбедност во меѓународното патување.


 

 

 

 

Министрите на Шенген земјите и земјите кандидати присутни на состанокот се приклучуваат кон оваа изјава.

 

 

 

Правата загрозени од тероризмот, како што е правото на живот, слобода и безбедност на човекот, се едни од најсуштинските човекови права. Зачувувањето на тие права е фундаментална задача и заедничка одговорност. Исто така, меѓународниот воздушен сообраќај претставува глобален ресурс од кој зависиме.  Кога некој се заканува на еден дел од системот, може да му наштети на целиот систем.

 

 

 

Европската Унија и САД ја делат одговорноста за спречување на терористи и криминалци да вршат, планираат и поддржуваат операции кои имаат за цел да нанесат штета на нашата популација, искористувајќи го цивилната воздухопловство, притоа промовирајќи го владеењето на правото и почитувањето на меѓународното право, вклучувајќи ги и меѓуародните човекови права.

 

 

 

Последниот обид за напад на 25 декември на лице кое летало од Африка за САД преку Европа го истакнува меѓународниот карактер на овој тип на закана. Меѓународна закана наметнува и реакција на меѓународно ниво.

 

 

 

 

Учесниците се сложија да се работи на исполнување на следниве цели:

o        Да се идентификуваат поединци кои наметнуваат ризик по нашата безбедност колку што е можно побрзо со подобрување на безбедноста и на нашата доверба во патните документи, користење на биометриски исправи, проверка на патниците, за да се спречат овие лица да патуваат и да претставуваат ризик.

o        Да се идентификуваат недозволени материјали кои можеби ги пренесуваат овие лица, испратени како карго товар, користејќи напредни технологии заради спречување на внесување на ваквите материјали во авион.

o        Да се соработува со други партнери ширум светот за да се имплементираат неопходните промени во нивните безбедносни режими во воздухопловството преку подобрување на капацитетите за безбедност во воздухопловството.

o        Да се продолжи со заедничка работа со други меѓународни партнери, министри за кон поголема безбедност на меѓународните патувања.

 

 

Во оваа насока, потребно е изготвување на неколку итни мерки (на експертско ниво) во следниве области, кои ќе се разгледуваат на состанокот на високо ниво во април 2010 година за правда и внатрешни работи помеѓу ЕУ и САД во рамките на трансатлантскиот дијалог. 


 

 

 

 

Безбедност во воздухопловството

  • Да се продолжи со одличната соработка помеѓу ЕУ и САД во врска со воздухопловната безбедност врз основа на Договорот за воздушен транспорт помеѓу САД и ЕУ.
  • Да се интензивира тековната дискусија за безбедноста во транспортот преку постоењето на ЕУ-САД. Работна група за безбеност во транспортот.
  • Да се поддржи обезбедување на информации пред полетување за да се помогне проверката/заштитата.
  • Да се зголемат мерките за заштита при патување во авион и подобрување на механизмите на итност во постапувањето.
  • Да се споделуваат најдобрите практики за истражувачки техники, со вклучување на обуки и методи за бихејвиорална детекција.
  • Да се разменуваат резулатите од истражувањата, техничка експертиза и практични искуства  кои исто така се однесуваат и на експлозиви.
  • Да се промовира здружување на напорите во градење на одржливи решенија за актуелната закана, вклучително и преку ИЦАО.

  •  

Споделување на информации

o        Да се испита, како предмет на итност, функционирањето,  како и можностите на нашите механизми за размена на информации и податоци, со вклучување на посредство на офицери за врски и центри на операции, да се потврди фактот дека ние правиме се што е во наша моќ за да се намали ризикот по патниците во воздушниот сообраќај и кај другите патници, паралено со обезбедувањето на ефективна заштита на приватноста на нашите граѓани како и граѓанските слободи.

o        Засновано на резулатите од заедничиот преглед од 26-ти јули 2007 година ЕУ-САД  Договор за  водење евиденција според името на патникот, лично досие на патникот и испитувањата кои се во тек во САД за употребата на информации за патниците во спречувањето на тероризам земајќи предвид што и на кој начин споделувањата на искуства од оперативната соработка може понатаму да се надгради како и тоа дека соодветни и прилагодени приоди би можело да се развијат меѓу пертнерите посветени на безбедноста во  воздухопловството, валдеењето на правото, и меѓународните човекови права.

 

 

 

 

 

Истражувачки активности

Да се стави приоритетно значење на истражувањето преку соработка и развојот во сродни домени како што се бихејвиоралната и физичката детекција на експлозиви  и олеснување преку Договорот за научна и техничка соработка помеѓу Владата на Соединетите Американски Држави и Европската заедница,  до такви граници  да се опфатат и истражувањата во доменот на безбедноста во јули 2009 година.

 

 

 

 

 

Меѓународна активност

o        Да се работи заедно со и во засегнатите трети земји и региони во полето на градење капацитети и развој за поддршката на борбата против  тероризмот во оние обаласти кадешто терористичките групи оперираат и да се спречи овие области да станат зони кадешто терористите можат да се обучуваат и  да ги подготвуваат  нивните криминални активности.

o        Да се координираат напорите со цел зајакнување на безбедноста во воздухопловството на светско ниво,  да се обезбеди најефикасна употреба на ресурсите за промовирање на ефективна заштита или проверка и други безбедносни техники во земји со летови до нашите земји.

Да се соработува во  воспоставувањето и прифаќањето на меѓународните стандарди за безбедноста во воздухопловството, со вклучување на информации за каргото  (типот на стоки што се пренесува) и патниците.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk