Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

03.02.2010 A1
Јанкуловска: Ангела не била киднапирана

Направивме бројни испитувања, разговори и интервјуа со месното население со луѓето кои се наоѓале во непосредна близина, луѓето од потесното и поширокото семејство, вклучително и родителите на исчезнатата, за жал не дојдовме до никакви индиции дека може да се работи за киднапирање.

Ова денеска во Скопје го изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, во врска со тврдењето на родителите дека малата Ангела Георгиоска од мариовското село Дуње, која исчезна летоска, била киднапирана.

Остатоците од човечко тело, кои деновиве беа пронајдени во селото Пештани, мариовско, се дадени на судско вештачење, кое треба да утврди дали се од исчезнатото девојче.

„Се очекуваат резултатите од вештачењето што го прават во судска медицина и се разбира дека ние зависно од овие резултати кои можеби ќе го потврдат идентитетот на лицето на кое припаѓаат остатоците ќе ја насочиме истрагата во соодветен правец“, рече Јанкулоска.

На прашањето дали некој ќе сноси одговорност што остатоците не најдени уште летово, Јанкуловска одговори дека треба да се сочекаат резултатите од судска медицина за да може да го поврземе или да не го поврземе настанато од пред некој ден со она што се случуваше летоска.

„Тоа што истрагата во тој момент не ги даде посакуваните резултати, секако дека е предмет на наши интерни анализи“, рече Јанкуловска.

Во врска со вчерашната акција против вахабитите во БиХ, Јанкуловска одби да коментира изјави на странски држави.

„Повторно би сакала да потврдам дека безбедносната состојба во Македонија е непроменета. Ги следиме сите случувања во регионот и пошироко и подготвени сме соодветно да реагираме, доколку се јави потреба и тогаш кога ќе се јави потреба“, додаде Јанкулоска.

Нападот врз првиот човек на невладината организација Хоризонт на министерката за внатрешни работи не и е познат.

„Доколку е пријавен полицијата ќе постапи по овој настан. Не гледам причина зошто би му се дал повеќе публицитет во однос на било кој друг настан од ваков тип“, рече Јанкулоска.

МВР работи интензивно за надминување на проблемот со капацитет на системот кој изнесува пет илјади документи во еден ден, рече Јанкулоска, во врска со наводите за голем прилив на пари од издавањето на пасошите .

Таа додаде дека МВР добило неколку предлози за можни решенија за надминување на проблемот, мо пред тие да бидат разгледани, неблагодарно е да се шпекулира околу цената.

„За нас е приоритет да се излезе во пресрет на граѓаните“, изјави денеска во Скопје министерката за внатрешни работи на Македонија Гордана Јанкулоска, по промовирањето на полицискиот дигитален систем Тетра.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk