Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

01.02.2010 Работилница за Европол во Босна и Херцеговина
Активности во насока на скорешно потпишување на оперативен договор за соработка

Во рамки на воспоставената соработка помеѓу Европол и третите партнери, со потпишани договори за соработка со Европол,  во периодот 27/29.01.2010 година во Фојница, Босна и Херцеговина се реализираше Работилница за имплементација на договорот за соработка односно за подигање на свесноста и согледување на недостатоци во однос на соработката со Европол, на која, по покана на организаторите, зеде учество како презентер началникот на Одделението за Европол при Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР на РМ.

Спроведувањето на наведената активност е предвидена со Програмите за обука на Европол со земјите со кои Европол има склучено договори за соработка, меѓу кои и земјите од Западен Балкан. Ваква работилница беше за прв пат организирана во Република Македонија (во септември 2008), а потоа во Албанија и во Србија  ( во јуни 2009), како и во Црна Гора (во  јули 2009).

На работилницата учествуваа преставници од повеќе институции и служби за спроведување на законот од БиХ, како од Министерство за сигурност, Федерално министрество за внатрешни работи, Гранична полиција, Кантоните од Средна Босна, Сараево, Бања Лука, Тузла, Ливно, Мостар, Зеница, Орашје, Горажде, потоа од Управата за индиректно оданочување или  Царинска Управа, Управа за спречување на перење пари, Јавно обвинителство, Дирекција за заштита на тајни податоци.

И оваа Работилница, согласно претходно создадените програми за Работилницата за Република Македонија, структурно беше организирана во три работни дена, со посебна определена тематска област.

Со оглед дека Република Македонија предничи на планот на имплементацијата на договорот со Европол, и веќе започна преговори за потпишување на оперативен договор, искуствата на овој план беа од интерес и за МВР на Босна и Херцеговина.  Тема на предавањето на Началникот на Одделението за Европол  беше  презентација на напредокот на Република Македонија во имплеметација на Стратешкиот договор за соработка со Европол и преземените активности за започнување на преговори за потпишување на оперативен договор со Европол. Во презентацијата беше опфатена организациската поставеност на СМПС, а во тие рамки и на Одделението за Европол, правната основа за соработка со Европол, преземените активности за имплеметација Акцискиот план за имплементација на Стратешкиот договор за соработка и презентација за другите преземените активности во Република Македонија за интензивирање на соработката со ЕВРОПОЛ во делот на реализиација на Планот за идни активности, како и вопсоставувањето на безбедносниот линк за комуникација со Европол.

Босна и Херцеговина, Србија, како и Црна Гора имаат потпишано стратешки договор за соработка со Европол но немааат воспоставено безбедносен  линк и немаат потпишано План за идни активности.

Работилницата ги даде очекуваните резултати, овозможи размена и стекнување со нови корисни информации, јакнење на меѓуресорската соработка, подигање на свесноста за Европол како организација вклучена во борбата против организираниот криминал, но исто така превиде идни активности за постапување.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk