Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

12.01.2010
Меморандум за разбирање за учество во Проект ILECUs

Меморандум за разбирање

 

Меѓу

Министерството за внатрешни работи на Република Австрија

Министерството за администрација и внатрешни работи на Романија

Министерството за внатрешни работи на Република Словенија

и

Министерството за внатрешни работи на Република Албанија

Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина

Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија

Министерството за внатрешни работи и јавна администрација на Црна Гора

Министерството за внатрешни работи на Република Србија

 

 

во врска со поддршката / воспоставувањето на Единици за меѓународна координација на органите надлежни за спроведување на законот

 

По повод Воведната Конференција одржана во декември 2008 година во Виена за започнување на проектот за воспоставување на „Единици за меѓународна координација на органите надлежни за спроведување на законот“ во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Македонија, Црна Гора и Србија, како и од аспект на претстојниот процес на спроведување на проектот, преставниците на Министерствата за внатрешни работи на  Австрија, Словенија, Албанија, Хрватска, Република Македонија, Црна Гора, Романија и Србија  и преставникот на Министерството за за безбедност на Босна и Херцеговина, изразија задоволство за напредокот постигнат од Владите во однос на партнерството во безбедноста во Југоисточна Европа.

 

Свесни дека во 2003 година, неопходноста од регионална соработка во областа на правда и внатрешни работи беше наведена на Солунската агенда за земјите од Западен Балкан;

 

Имајќи го предвид фактот дека овие земји како приоритет во  регионалната соработка ја поставија борбата против организираниот криминал, и сите форми на трговија со луѓе, реформата на граничната полиција, борбата против тероризмот,  и изразија волја да работат во насока на исполнување на овие цели;

 

Признавајќи го фактот дека транснационалниот карактер на организираниот криминал и врските меѓу организираниот криминал, корупцијата и тероризмот, бараат преземање и на регионална и на меѓународна активност;

 

Свесни за фактот дека регионалната соработка во областа на кривичните истраги и гонење претставува важен и решителен придонес кон напорите за зголемување на ефикасноста во борбата против организираниот криминал;

 

Со желба да го олеснат постигнувањето на гореспоменатите цели преку блиска прекугранична соработка;

 

Се договорија за следново:

 

1.            Министрите за внатрешни работи на Австрија, и Словенија  и Министерот за администарција и внатрешни работи на Романија го поддржуваат развојот и воспоставувањето на „Единици за меѓународна координација на органите надлежни за спроведување на законот (ILECUs)“.

 

2.            Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина и Министрите за внатрешни работи на Албанија, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Србија го поддржуваат основањето на функционални „Единици за меѓународна координација на органите надлежни за спроведување на законот (ILECUs)“ во нивните земји во согласност со подолуопишаните функции. Во својство на национални координативни единици во секоја од земјите, ILECUѕ ќе ги координира активностите во рамки на меѓународната полициска соработка .

 

Министрите за внатрешни работи и Министерот за безбедност ќе вложат напори за зајакнување и воспоставување на ефикасна  соработка меѓу ILECUs и другите релевантни носители во полето на сузбивање на организираниот криминал и корупцијата, тероризмот и прекуграничниот криминал, а оваа задача исто ја преземаат и преку склучување на меѓуагенциски  договори.

 

3.            ILECUs ќе бидат воспоставени заради обезбедување оптимизација на меѓународната соработка и заради подобрување на постоечкиот работен процес.

 

4.            Целите на ILECUs се:

 

·         засилување на редовната прекугранична размена на информации за борба против криминалот и за релевантни информации за водење на меѓународни истраги кои бараат целосна организациска и оперативна поставеност на овие единици;

·         развивање и примена – доколку е потребно – на стандарди за заштита на податоци содржани во националното законодавство за заштита на лични податоци, кои се уште го немаат во релевантното законодавство;

·         создавање на средина за соодветна размена на информации и сознанија каде што ќе биде сместена националната  ILECU

·         зајакнување на капацитети во полето на криминалистички истраги

·         подобрување на соработката и развивањето на мрежа меѓу земјите кориснички на ILECUS и земјите членки на ЕУ, со воспоставувње механизми за соработка.

 

5.            Предвидено е и подобрување на „меѓународната полициска соработка“ преку основање на ILECUs во соодветните целни земји од став 2, во насока на приклучувањето на шесте земји кориснички кон законодавството на ЕУ во следниве области:

 

·         соработка во делот на кривичните истраги и преземањето на најдобрите пракси на земјите членки во овие области

 

·         примена на одредбите за заштита на податоци; и доколку е потребно, на одредбите за обезбедување доверливост и заштита;

 

·         обезбедување центри за IT поддршка, достапни 24/7;

 

6.            Во согласност со националното законодавство, организациската единица одговорна за вршење на ILECUs функцијата ќе ги има следниве основни одговорности:

 

·         Координирање и давање упатства на надлежните институции за размена на  релевантни информации меѓу нив;

 

·         Координирање и давање упатства на надлежните институции да собираат информации и податоци заради олеснување на меѓународните кривични истраги;

 

·         Координирање на процесот и текот на работата меѓу надлежните институции и партнерите за меѓународна соработка заради забрзување на процесот на работа;

 

7.            Заеднички изготвените ILECUs Упатства ќе служат како основа за натамошните активности.

 

 

 

БРДО, 9 септември 2009 година

 

 

За Министерството за внатрешни работи на Република Албанија

 

 За Министерството за внатрешни работи на Република Австрија

 

За Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина

 

За Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска

 

За Министерството  за внатрешни работи на Република Македонија

 

За Министерството за внатрешни работи и јавна администрација на Црна Гора

 

За Министерството за администрација и внатрешни работи на Романија

 

За Министерството за внатрешни работи на Република Србија

 

За Министерството за внатрешни работи на Република Словенија

 

 

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk