Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

31.12.2009 Дневник
Новите лични карти до 2012 година

Новите лични карти до 2012 година

Се очекува германската фирма „Гисеке и Девриент“, која го инсталираше системот за биометриски лични документи, до крајот на јануари да понуди решение за зголемување на капацитетот на системот

Постапката за издавање на нови лични документи за граѓаните ќе биде забрзана најрано во февруари, до кога се очекува германската фирма „Гисеке и Девриент“, која го инсталираше системот за биометриски лични документи, да понуди решение за зголемување на капацитетот на системот за вадење лични исправи. Пред шалтерите на МВР и понатаму има голем метеж, особено по 19 декември и донесувањето на одлуката за визната либерализација за македонските граѓани, па сега навалицата е за издавање на нови пасоши. Во прилог на растоварување на системот е и завчерашната одлука на Собранието да се пролонгира крајниот рок за менување на личните карти од

27 февруари 2010 година за 2012 година.

- Претставници на фирмата „Гисеке“ беа во Скопје и увидоа дека капацитетот со кој сега се работи е несоодветен за бројот на барањата за нови документи. Сега се очекува да направат процена и да предложат соодветно решение за проблемот. Дали тоа ќе биде надградување на постојниот софтвер или, пак, ќе се инсталира нова машина од фирмата, конкретен предлог ќе имаме на крајот на јануари. Крајниот исход ќе зависи и од цената што ќе ја понудат, по што ќе треба да се донесе одлука - изјави Иво Котевски, помошник-министер за односи со јавноста при МВР.

По барање на народниот правобранител и незадоволството на граѓаните дека предвидениот рок е многу краток, пратениците го поддржаа Предлог-законот за изменување на Законот за личната карта, со кој крајниот рок за менување на личните карти е 2012 година.

- МВР оцени дека е неопходно пролонгирање на овој рок за две години. Личните карти ќе важат до истекот на рокот на важење или најдоцна до 2012 година. По истекот на рокот мора да се заменет со нови - рече заменик-министерот за внатрешни работи Џеват Бучи.

Според него, фактор за пролонгирањето на крајниот рок за менување на личните карти е визната либерализација, поради што граѓаните во поголем број аплицирале за биометриски патни исправи.

Од МВР велат дека најверојатно ќе се расправа по најавениот амандман на пратеникот од Демократски сојуз, Павле Трајанов, кој побара лицата над 70 години да немаат обврска да ја заменат личната карта доколку немаат потреба од тоа.

Според постојната законска регулатива, замената на старите лични карти со нови биометриски важи за сите граѓани на Македонија, без разлика дали се' уште не им е истечен рокот на важност на документот или, пак, поседуваат трајна лична карта.

Службите на МВР ќе работат веднаш по прославата на Новата година, в сабота, кога граѓаните ќе може да аплицираат само за вадење нови лични карти. Постарите

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk