Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

01.01.2010
Министерката Јанкуловска во посета на полициската станица на Попова Шапка


Поповa Шапка, 1 јануари (МИА) – Беспрекорно мирно, без никакви инциденти беше за време на новогодишната ноќ во делот на територијата што ја покрива мешовитата полициска станица на Попова Шапка, каде денеска во посета беше министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Полициската станица на Попова Шапка, надлежна за надзор и обезбедување на државната граница во делот кон Косово во должина од 44 километри ја покрива и територијата на селата Лисец, Гајре, Шипковица, Бродец, Бозовце, Вешала и Расадиште.

За време на посетата надлежните во полициската станица ја брифираа министерката Јанкулоска за состојбите во нивна надлежност. Според првичните извештаи, низ цела територија на Република Македонија синоќешната новогодишна прослава поминала без инциденти, особено на места каде имало групна прослава.

Исклучок се неколку регистрирани меѓусебни расправии во угостителски објекти.

- Единствен посериозен инцидент се случил на приватна прослава во Велес при што едно дете е повредено од огнено оружје, изјави министерката Јанкулоска, по посетата на мешовитата полициска станица на Попова Шапка.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на сите граѓани на Република Македонија им ја честита Новата 2010 година.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk